Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, решил да им даде право на играчите сами да определат кој ќе биде капитен на тимот во следната сезона. Досега лентата ја носеше Хари Мегваер.
Се тврди дека и самите фудбалери на Јунајтед не се баш среќни што екс менаџерот Оле Гунар Солскјер го одреди Мегваер за носител на капитенската лента.
Холанѓанецот оставил прашањето околу тоа кој треба да биде капитен и лидер, да го решат самите играчи, а кандидати се Мегвааер, Кристијано Роналдо и Давид Де Хеа. Гласањето ќе се спроведе кон крајот на месецов кога тимот ќе ги почне подготовките за новата сезона.
Извори блиски до клубот, тврдат, дека најголеми шанси да победи на изборите има голманот Де Хеа, кој пред неколку дена беше избран од соиграчите и за Играч на сезоната.