Нов месец, нова шанса за влез во финале и борба за освојување СТАН НА ВОДНО

Единствената шанса да добиете стан во Скопје, и тоа НА ВОДНО, ви ја нуди Sport Life. Традиционалната игра Типстер куп оваа сезона има уникатна главна премија, а тоа е дом во елитниот дел од главниот град. Типстер купот е во полн ек. Стартуваше во септември, но тоа не значи дека доколку не сте влезени во играта, сте ги загубиле шансите за добивање на станот.

ПОЧНЕТЕ СЕГА И САМО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ МОЖЕ ДА СТЕ ДЕЛ ДО ФИНАЛЕТО

Што е потребно за да се биде дел од Типстер купот? Едноставно е. Треба да имате извадено БЕСПЛАТНА Sport Life картичка и тикетите кои ќе ги уплаќате треба да бидат забележани на таа картичка која му ја приложувате на операторот. Со своите уплатени тикети, сеедно дали се погодени или промашени, играчите се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето. Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите, се рангира во табелите за Генерален месечен пласман и локален месечен пласман, од кој произлегуваат и натпреварувачите во финалната фаза на Типстер купот.

Според правилата, секој месец се прави ново рангирање на најдобрите типстер-играчи по објекти во Sport Life. Двајцата најдобри типстер-играчи од секој објект во месецот обезбедуваат место во финалето. Тоа значи дека и доколку досега не сте играле, во следниот месец сите обложувачи почнуваат од нула со еднаква шанса да се изборат за место во финалето.

БОДОВИТЕ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПО ДАДЕНАТА ФОРМУЛА

На дневно ниво, максимум во игра влегуваат првите 12 уплатени тикети со Sport Life картичката. Бодови во еден ден носи само тикетот со најмногу бодови. Тоа значи дека месечно секој типстер-играч може да има максимум бодирани тикети колку што има денови во месецот. Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите, се рангира во табелите за генерален месечен пласман и локален месечен пласман.

Ова е формулата по која се пресметуваат бодовите:

P = a + 20b + 20c

„а“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата / комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „a“ може да изнесува максимум 800 бодови
„b“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација)
Значи, збирот „20b“ може да изнесува максимум 800 бодови
„c“ = „коефициент на учинок“, т.е.
коеф. на учинок = (помножени погодени коефициенти на тикетот) / помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1)

Збирот „20c“ е ограничен на максимум 4000 бодови. Типовите пресметани со коефициент 1 не влегуваат во пресметката на параметарот „c“.

- Оглас -

Најнови вести