Црвена ѕвезда со освојување на Купот на Србија ја потврди својата доминација во српскиот фудбал, па нејзините фудбалери се барани на пазарот. Еден од најдобрите фудбалери на „црвено-белите“, Осман Букари, летово си оди од Белград и својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Остин, која се натпреварува во американската МЛС лига.
Клубот од Белград за овој трансфер ќе добие седум милиони евра, иако минатата зима одбија понуда од 10 милиони евра, но тогаш сметаа дека фудбалерот им потребен во борбата за трофеите.
Репрезентативецот на Гана во Црвена ѕвезда пристигна во 2022-рата година од белгиски Гент за само три милиони евра, а сега ќе си оди за повеќе од двојно од таа сума. Црвена ѕвезда е само уште еден пример од овие простори како вложувањата во фудбалот се исплатат и тоа во милионски суми, нешто што за нас е незамисливо во моментов.