Динамо Загреб продолжува да им дели лекции на клубовите од балканските простори како треба еден голем клуб да работи. Се чини дека Динамо според трансферите и принципот на работа, веќе одамна и ги надмина овие балкански или бившојугословенски простори. Доказ за тоа е и најавата за нов милионски трансфер кој треба да се случи.
Голманот Доминик Ливаковиќ има договор со Модрите од Загреб до летото 2024 година, па затоа раководството на клубот сака да го продаде. По одличните одбрани, во редот за голманот застанаа Баерн и Виљареал, но најсериозен да ја плати откупната клаузула од 10 милини евра е турски Галатасарај. Клубот од Истанбул е во потрега по замена на ветеранот Фернандо Муслера, кој со своите 36 години веќе е на залезот од кариерата.
Ова би било одличен трансфер и за голманот бидејќи моментно заработува 600.000 евра годишно во Динамо, а во Турција секако дека би добил многу повеќе од тоа.