Нов модел во Хрватска – Навивачите бираат каде ќе игра репрезентацијата

Хрватскиот фудбалски сојуз, или ХНС објави на својот твитер профил анкета со четири можни избори за град домаќин за квалификацискиот дуел меѓу Хрватска и Унгарија во октомври.

Во игра се Загреб, Сплит, Риека и Осиек, а со свој глас во изборот можат да учествуваат сите, односно и симпатизерите на фудбалот да одлучат кој че и биде домаќин на хрватската репрезентација.

Првично беше објавено дека Сплит ќе биде организатор и домаќин на дуелот закажан за 10. октомври, но Хајдук објави дека клубот не бил информиран за меч на „Пољуд“, па сега има друга варијанта, преку анкета да се дојде до градот домаќин.

Моментно води Загреб, со понуда дуелот да се игра на „Максимир“ и тоа убедливо со 40 проценти од гласовите на анкетата, а овој модел е мошне интересен и веријатно применлив и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести