Тепачката по турското дерби Трабзонспор – Фенербахче ја згрози турската и светската фудбалска јавност, а се појавуваат и нови снимки од хаосот на кои се гледа до која мерка беа преминати сите граници на нормалното.
Прво голманот Ливаковиќ беше погоден со паричка во брадата и почна да крвави, судијата означи крај, по што играчите на Фенербахче лудо ја прославуваа победата од 3-2. Ова ги налути навивачите на Трабзон, кои втрчаа во теренот од повеќе страни и ги нападнаа противничките фудбалери.
Некои играчи на Фенер им се спротивставија на домашните хулигани, меѓу нив и Брајт Осаји-Семјуел, кого го слават фановите на Канаринците, дури доби и графит во Истанбул со порака; „Тепај се како навивач на Фенербахче!“.
Нереди имало и на трибините, на видеата се гледа дека некои од челниците на Фенербахче кои биле во ложата револтирани од тоа што навивачите на Трабзон ги ловат играчите на Фенер на теренот и сакаат да ги тепаат, ги нападнале локалните навивачи околу нив. Фрлаа порцелански чаши и чинии кој публиката под нив.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1769469503530733782