Дејан Кулушевски игра импресивно, има почеток на сезоната од соништата и повторно е во фокусот на италијанската јавност.
Интер повторно е во налет и притиска за трансфер на 19-годишниот шведски репрезентативец со македонски корени. Дејан веќе дебитираше за Шведска, каде што е роден во квалификациски меч за настап на ЕП 2020 година, а игра одлично и за Парма во Серија А.
Интересно е што Кулушевски е играч на Парма во моментов, но е позајмен од Аталанта, па тимот од Бергамо го има клучот за неговата понатамошна кариера.
Според информациите од италијанските медиуми, Аталанта бара отштета од 30 милиони евра, што е прифатлива сума за Интер.
Кулушевски е во квартетот второрангирани најдобри асистенти во Калчото, зад рекордерот Луис Алберто од Лацио, кој има 8 асистенции. Швеѓанецот има пет успешни додавања за гол на соиграчите, а има постигнато два гола. Со него, на делба на второто место според бројот на асистенции се и најдобриот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле, Алехандро Гомес од Аталанта и Алфред Данкан од Сасуоло.