Нов напаѓач е божиќниот подарок за Барселона

Шпанскиот шампион Барселона го потврди трансферот на Витор Роке. Барселона уште во летото за 40 милиони евра го купи младиот Бразилец, но го остави на позајмица во Атлетико Параненсе до крајот на годината.

Иако постоеше можност Роке да остане до јуни 2024 година во Бразил, лошата форма на Роберт Левандовски ги натера челниците на Барселона да ги променат плановите. Тренерот Чави Ернандес побарал од управата да му овозможат уште во јануари да го има Роке на располагање и желбата му била остварена.

Младиот Роке, кој е роден во 2005 година, оваа сезона одигра 45 натпревари во дресот на Атлетико Параненсе и постигна 21 гол, а експертите го сметаат за наследник на Нејмар и нов предводник на нападот на бразилската репрезентација, за која дебитираше во март годинава.

- Оглас -

Најнови вести