11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Нов неверојатен трипл-дабл за Јокиќ и нова победа за Денвер (Видео)

Никола Јокиќ продолжува со фантастичните игри оваа сезона и веќе дојде до петтиот трипл-дабл на седум меча за Денвер. Србинот беше најзаслужен за новата победа на Денвер од 122-112 над Мајами на домашен терен.

Јокиќ го заврши мечот со ефект од 33 поени, 15 скока и 16 асистенции. Србинот имаше ефект 12/18 од поле, а до троен ефект дојде на шест и пол минути пред крајот на третата четвртина со офанзивен скок.

Резултати:

Кливленд – Филаделфија 132-121
Детроит – Јута 114-103
Индијана – Бруклин 103-112
Бостон – Вашингтон 136-107
Њујорк – Минесота 137-114
Мемфис – Хјустон 109-124
Далас – Њу Орлеанс 99-101
Денвер – Мајами 122-112
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 118-116
Портланд – Оклахома 121-119
Сакраменто – Голден стејт 121-116

- Оглас -

Најнови вести