Нов план за Мундијалите: На завршницата ќе играат една четвртина од сите селекции во светот

Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико ќе биде прво на кое ќе учествуваат 48 репрезентации, а не како што беше досега кога на завршницата играат најдобрите 32 селекции.

Планот е овој формат да биде задржан и на следните два Мундијали во 2030 и 2034 година, но сега се погласни се шпекулациите за нова промена и проширување. Најавите се дека за Светското првенство во 2030 година, на завршницата ќе учествуваат 64 репрезентации.

Таа 2030 година ќе биде посебна затоа што тогаш ќе се слави точно 100 години од првото Светско првенство. Дури и францускиот „Лекип“ пишува на тоа прашање свое мислење дал и саудискиот принц Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал. Тој изјавил дека неговата земја е за проширување на учесниците на Мундијалот. Саудиска Арабија ќе биде домаќин на СП во 2034 година.

На ФИФА листата има 208 репрезентации што значи дека ако се направи Мундијал со 64 репрезентации, значи дека секоја четврта земја во која се игра фудбал, ќе може да биде дел од завршницата на планетарниот собир.

- Оглас -

Најнови вести