Нов победнички блесок на Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)

Денвер нагетс и Никола Јокиќ дојдоа до три едноподруго победи во НБА лигата, откако рано утринава го совладаа Хјустон рокетс со 124:111.

Српскиот кошаркар имаше нова маестрална партија, забележувајќи 24 поени, 11 скока и три асистенции и тоа само за 25 минути минати на теренот.

Со новата победа, Денвер се зацврстин на петтата позиција во Западната конференција со скор од 18 триумфи и 16 порази.

НБА

Милвоки бакс – Њу Орлеанс пеликанс 136:113

Детроит Пистонс – Сан Антонио спарс 117:116 (по продолженија)

Вашингтон визардс – Чикаго булс 119:120

Бруклин нетс – Лос Анџелес клиперс 116:120

Хјустон рокетс – Денвер нагетс 111:124

Јута џез – Голден стејт ворирорсс 116:123

- Оглас -

Најнови вести