Почеток од нула за АЕК и Бенфика ќе има вечерва на „Спирос Луис“ во Атина, по поразите на двете екипи во стартните мечеви во Лигата на шампионите.
АЕК беше декласиран во Амстердам од Ајакс со 3-0, а ништо подобро не мина ниту Бенфика. „Орлите“ слетаа ниско во дуелот со Баерн на домашен терен и загубија со 0-2, па сега и немаат преголем избор, како и АЕК.
На двете екипи им конвенира само победа, ако сакаат да останат во трката за првите две места кои водат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.
Во 2009 година двете екипи ги одиграа двата единствени официјални мечеви меѓу себе во европските купови и билансот е израмнет. АЕК победи дома со 1-0, но и испадна тогаш во групната фаза во Лигата на Европа, а Бенфика славеше на „Луж“ во Лисабон со 2-1, го освои првото место во групата И и се пласира во следната рунда, тогаш во конкуренција уште и на Евертон и на БАТЕ Борисов.