20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Нов погодок на Роналдо, Португалецот го надмина Халанд по број на голови во 2023 година!

Кристијано Роналдо даде гол од пенал во победата на Ал Наср над Ал Етифак од 3-1 во дуел од фудбалското првенство во Саудиска Арабија, а ова за 38-годишниот Португалец е дури 51-ви гол годинава.

Роналдо во 2023 даде 41 гол за Ал Наср, и 10 за португалската репрезентација. Повеќе голови од него годинава постигнаа само Хари Кејн и Килијан Мбапе, по 52, еден повеќе од Роналдо. До крајот на 2023, Ал Наср треба да одигра уште две средби, па реално е Роналдо да ги надмине и Кејн и Мбапе.

Португалецот по осми пат во кариерата една календарска година ја завршува со 50 или повеќе голови, а води голема трка со Александар Митровиќ за најдобар стрелец во саудиската лига.

Ал Наср на Роналдо има 10 бода помалку од лидерот Ал Хилал, а тимот на Роналдо има одиграно еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести