16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Нов пораз на Филаделфија, Јанис сам го победи Чикаго (Видео)

Милвоки бакс предводен од незадржливиот Јанис Адетокумбо славеше победа над Чикаго на домашен терен со 122-106. „Бакси“ од првиот момент доминираа на паркетот и не дозволија никаква неизвесност, а Јанис мечот го заврши со неверојатни 41 поен и буквално сам ги победи „биковите“ од Чикаго.

Филаделфија го доживеа и петтиот пораз во низа откако изненадувачки загуби на гостувањето кај Мемфис со 117-111 и „76-ките“ на последните 11 натпревари имаат дури 10 порази.

Кливленд и Оклахома ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедливи победи над Њу Орлеанс, односно Портланд на домашен терен.

Резултати:

Кливленд – Њу Орлеанс 128-100
Милвоки – Чикаго 122-106
Хјустон – Индијана 130-113
Мемфис – Филаделфија 117-111
Оклахома – Портланд 109-99
Голден стејт – Атланта 120-97
Феникс – Њујорк 122-138
ЛА Клиперс – Орландо 104-93

- Оглас -

Најнови вести