Нов пораз на младинското ЕП: Македонија водеше на полувреме, но на крајот убедливо загуби

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години доживеа нов, четврти по ред, пораз на Европското првенство во Романија. Денес поуспешни беа младите ракометарки од Норвешка, кои победија со 23-29.

Македонија го одигра веројатно најдоброто полувреме на ова првенство, со оглед на тоа дека имавме водство од 11-9 на полувреме, но во вториот дел следуваше вистински дебакл. Норвешка тргна фуриозно и на самиот старт не само што направи пресврт, туку дојде и до убедливо водство кое до крајот на мечот успеваше да го одржи.

Најефикасна во нашите редови беше Марија Јанкуловска со 9 гола, додека кај Норвежанките најпрецизна беше Пиа Гронстад со 6 погодоци.

Следниот натпревар за нашите младинки ќе биде утре со почеток во 12 часот против репрезентацијата на Србија, во рамките на разигрувањето за пласман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести