Нов пораз на младинците на кошаркарското ЕП

Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години го претрпе и третиот убедлив пораз на Европското првенство, кое се игра во Полска.

Избраниците на селекторот Боро Смилковски првата фаза најверојатно ќе ја завршат како најнеефикасен тим на првенството. Денеска против Белгија, Македонија загуби со 59-86, во првата четвртина нашите младинци постигнаа само 4 поени, а на полувреме прескромни 18 поени и со таков напад невозможно е да се победи.

Симиќ и Бошалески со по 14 и Јовановиќ со 13 поени беа најефикасни во македонскиот тим.

Системот за натпреварување е таков што сите 16 тима одат во осминафиналето. Македонија како најслаба во својата група ќе игра со Словенија, која го освои првото место во група со Литванија, Црна Гора и Исланд.

Ако загубиме од Словенија, следува разигрување за 9-16 место. Најслабите три селекции на ова првенство ќе испаднат во Б дивизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести