Актуелниот шампион на АБА-лигата, тимот на Црвена ѕвезда, го доживеа вториот пораз во првите три кола од новата сезона во регионалното натпреварување. Црвено-белите изненадувачки загубија на гостувањето кај Сплит со 85-78.
По триумфот над Париз во Евролигата, речиси никој не очекуваше дека Црвена ѕвезда нема да победи против Сплит. Сепак, очигледно е дека гостите многу лабаво си ја сфатија задачата на овој меч.
Сплит во завршницата на мечот направи серија од 8-0 и од негатива 69-71, дојде до предност од шест поени (77-71) и потоа успеа да ја одржи до крајот.
Давид Шкара со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим на Сплит, а исто толку постигна и Немања Недовиќ во составот на Црвена ѕвезда.