32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Нов пораз за Пелистер: Башкими со три бода си оди од Битола

Башкими ја оствари четвртата победа оваа сезона во Првата лига откако на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го совлада Пелистер со 1-2. Новиот прволигаш има одличен старт по седум кола со освоени 13 бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата.

За Пелистер тоа е уште едно разочарување на домашен терен. Битолчани остануваат со шест освоени бода на осмото место.

Недим Хаџиќ беше човекот на одлука на овој меч. Босанскиот интернационалец во петтата минута донесе водство за Башкими, а потоа во 19-тата минута погоди уште еднаш за 0-2.

Во 55-тата минута беше досуден пенал за Пелистер, но Ристевски не успеа да го совлада Јашар од белата точка.

Стефан Спировски во 65-тата минута ја врати надежта за Пелистер, но домаќините немаа сили да стигнат и до израмнување.

- Оглас -

Најнови вести