Американскиот спортски канал „ЕСПН“ направи рангирање на моментно најдобрите кошаркари кои настапуваат во НБА-лигата и во најдобрата петорка се најде само еден Американец.
Во минатото домашните играчи беа главни и неприкоснивени во своите клубови, но тоа сега е сменето. Последен Американец што бил МВП на лигата е Џејмс Харден во 2018 година.
Според листата на ЕСПН, Топ 5 играчи се Србинот Никола Јокиќ, Гркот Јанис Адетокумбо, Камерунецот Џоел Ембид, Словенецот Лука Дончиќ и Американецот Стеф Кари.
Од шесто до десетто место се сместени Леброн Џејмс, Џејсон Тејтум, Кевин Дурант, Џа Морант и Девин Букер.
Некои американски аналитичари не се согласуваат со рангирањето на ЕСПН и велат дека нема шанса во лигата да играат петмина што се подобри од Џејмс и Дурант.