Новото, шесто пролетно коло на Спортска прогноза со Спорт Манија и обложувалниците на Sport Life веќе е подготвено, 13-те двојки се исклучително интересни, а воздишки мами големото дерби во Англија меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Прогнозата на овој меч може да биде и пресудна во трката за вредните награди што за вас ги подготвија Спорт Манија и Sport Life.
Главната премија што е во игра за секое коло на Спортската прогноза е iPhone XS, мобилен телефон што е „ин“ и вреди да се има, а во нашата игра може да се добие како награда со погодени 13 двојки во секое коло.
Со едноставно прогнозирање на страницата на Спорт Манија само во неколку чекори, бесплатно ќе се вклучите и во игра за мобилен телефон „Samsung Galaxy A6“, но и од вредносните ваучери од спортските обложувалници на Sport Life.
Како потсетување, Спортската прогноза нуди двојна можност за награди, а се бие битка и за водечките позиции во Генералниот пласман. Тука се сметаат и двата резервни пара, а и тие носат поени како и редовните 13 двојки во секое коло.
По завршувањето на последното коло на осми мај, ќе се доделуваат вредни награди за најдобрите прогнозери вкупно во Генерален пласман, а доделуваме: електричен тротинет, Велосипед Capriolo Passion Men и ваучери од по 1.000, 500 и 300 денари.
Прогнозирањето за новото коло веќе е почнато од денеска, не го пропуштајте, а можете да типувате 13+2 двојки до почетокот на првиот меч, до сабота во 15 часот.