Масимо Тарантино е назначен за нов директор на тренерската академија на Интер, но освен што е поранешен фудбалер, тој е вистински херој во приватниот живот.
Тарантино, кој во кариерата има играно за Катанија, Монца, Наполи, Болоња, Комо, Триестина, Павија, Барлета, минатата година во трговски центар во Асаго успеа да совлада напаѓач кој со нож уби едно лице, а повреди пет.
Тој со удар со нога прво му го изби ножот од рацете на напаѓачот, го совлада и потоа го чуваше сè додека не дојде полицијата.
„Бев на благајна со сопругата и ќерката кога видов напаѓач со нож во раката. Инстиктивно си помислив дека не треба да бегам туку со нога го удрив во раката и му испадна ножот. Го фрлив ножот и во исто време го држев напаѓачот, кој, за среќа, не даваше отпор и беше мирен сè додека не дојде полицијата“, изјави Тарантино.
Во нападот беше повреден тогашниот фудбалер на Монца, Пабло Мари.