Нов пресврт во настаните за смртта на Марадона, сега е уапсен неговиот телохранител

Поминаа повеќе од четири години од смртта на Диего Марадона, а на неговиот медицински тим му се суди за наводно непримање на соодветен третман.

Претходно овој месец беше кажано дека Марадона живеел во катастрофални услови и дека починал во „куќата на ужасите“ на 25 ноември 2020 година. Марадона починал од срцев удар во својот дом во Тигре, во близина на Буенос Аирес, само две недели откако бил пуштен од болница.

Наводно, тој не бил во добра состојба по операцијата да биде пуштен дома на лекување, тврди обвинителот.

„Ќе видите во какви услови беше, тоа е неверојатно“, рече меѓу другото Ферари.

Вкупнона седуммина лекари им се суди за сè што се случи тогаш, а уапсен е и неговиот поранешен телохранител Хулио Цезар Корија. Работеше со него пет години и беше во неговиот дом кога почина Марадона. Корија беше повикан како сведок поради неговата блискост со Марадона, но Ферари тврди дека лажел.

Корија рече дека не разговарал со Леополдо Луке, докторот кој го лекувал Марадона, а исто така рекол дека не е пријател со него, а Ферари тврди дека тоа не е вистина.

Имено, меѓу поранешниот телохранител на Марадона и Луке биле откриени голем број пораки на WhatsApp, кои вклучуваат покани за скара, но и дискусии за здравјето на Марадона. На крајот тој е уапсен, а се чека понатамошен развој на ситуацијата.

- Оглас -

Најнови вести