Нов проблем за Барселона: Не може да ги продаде картите за првиот меч од сезоната

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона, донесе голем удар на каталонскиот гигант. Челниците на клубот не најдоа начин како да го задржат играчот кој речиси 20 години беше симбол на Барселона, па сега трпат последици.

Последниот во низата проблеми за Барселона е тоа што навивачите го загубија интересот да одат на „Камп Ноу“ и да го бодрат својот омилен тим. Според шпанските медиуми, Барселона се мачи да ги продаде предвидените билети за првото коло против Реал Сосиедад.

Од предвидените 30.000 влезници, продадени се само 50 отсто. Навивачите кои имаат членски карти едноставно не се заинтересирани за одење на стадион, па челниците на клубот сега размислуваат да пуштат билети во слободна продажба, само за да може да се продадат предвидените 30.000 билети.

Освен проблемите со продажбата на билети, пад за неверојатни 80 отсто доживеа и продажбата на артикли и дресови во фан шоповите на Барселона, што само покажува колку бил важен Лионел Меси за клубот.

Од друга страна, ПСЖ само реди профити по доведувањето на Меси. За неполн ден биле продадени 150.000 дресови преку онлајн платформата, а сигурно и стадионот ќе биде полн колку што дозволуваат протоколите.

 

- Оглас -

Најнови вести