22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Нов проблем за Италија: Уште еден стадион не исполнува услови за ЕП 2032

Италија и Турција ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2032 година, но откако стана јасно дека „Сан Сиро“ во Милано не ги исполнува условите да ги пречека најдобрите европски селекции, сега Италијанците имаат нов проблем.

Ниту стадионот во Неапол, кој го носи името на легендарниот Диего Армандо Марадона, не може да биде домаќин на Европското првенство, а градските власти тврдат дека информациите дека добиле зелено светло се невистините.

Фудбалскиот сојуз на Италија се обиде со реконструкција на стадионот да добие дозвола, но во Неапол тврдат дека ниту тоа нема да помогне за да се исполнат строгите критериуми на УЕФА.

Иако до првенството има уште седум години, Италија е далеку од исполнување на потребните услови, барем кога се работи за инфраструктурата. За разлика од нив, Турција нема такви проблеми.

- Оглас -

Најнови вести