Јувентус доби нов удар со повредите. На долгата листа отсутни фудбалери денес се приклучи и Федерико Гати.
Искусниот стопер се повреди на куп-натпреварот со Удинезе и мораше предвреме да го напушти теренот. Утринските прегледи потврдија лошо сценарио, проблем со менискусот, што ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец. Спалети така останува без уште еден клучен играч во најнезгоден можен момент.
Ситуацијата е уште потешка ако се знае дека Јувентус во следното коло гостува кај шампионот Наполи, а Спалети не може да смета ниту на Бремер, ниту на Ругани.
Тренерот на Старата дама најчесто игра со тројца централни дефанзивци, но сега здрави му остануваат само Кели и Калулу.

