Во редовите на фудбалската репрезентација на Германија секој ден се појавува нов проблем. Покрај тоа што „панцирите“ врзаа три меча без триумф и се наоѓаат на последното место на табелата во Лигата на Нации, екипата на Јоаким Лев наиде на нова главоболка.
Имено, дефанзивецот Жером Боатенг вчера во текот на мечот се здоби со повреда на ногата, па денес се врати во Минхен каде ќе го започне процесот на рехабилитација. Стоперот нема да биде во можност да помогне на своите колеги од репрезентацијата во дуелот со Франција, средбата која е закажана за 16-ти октомври.