Новиот тренер Алваро Арбелоа нема да може да смета на Килијан Мбапе ниту за следниот натпревар на Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Во сабота Кралевите ќе играат против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“ и повторно ќе бидат ослабени.
Францускиот напаѓач и понатаму чувствува непријатност во левото колено, што значи дека новиот тренер повторно ќе мора да ја состави офанзивата без најдобриот стрелец на тимот.
Иако Мбапе во четвртокот тренираше речиси нормално, болките во повреденото колено и понатаму постојат. Напаѓачот отпатува во Саудиска Арабија по полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, во обид да помогне во освојувањето на трофејот, но против Барселона одигра само 15 минути.
Бидејќи непријатноста продолжува, тој не се најде во составот за куп-натпреварот против Албасете, во кој Кралевите шокантно беа елиминирани по поразот со 3-2, а сега нема да настапи ниту против Леванте.

