Џуд Белингам се повреди на првенствениот дуел против Рајо Ваљекано и се предвидуваше дека ќе отсуствува околу еден месец, но деталните медицински прегледи покажаа дека повредата е многу посериозна.
Според новите прогнози, репрезентативецот на Англија ќе отсуствува најмалку два месеца, што би значело дека ќе се врати на почетокот или кон средината на април.
Ваквите предвидувања носат нови проблеми за Алваро Арбелоа бидејќи ќе го нема Белингам во клучните натпревари оваа сезона, кога ја „брка“ Барселона во првенството, но и треба да се одиграат многу натпревари во Лигата на шампионите во обидот да се дојде до трофејот.

