Раул Де Томас ја продолжи убавата серија на голови во дресот на Еспањол и со прецизен удар со глава во 58. минута го одлучи мечот со Мајорка.
Поранешниуот соиграч на нашиот голман Столе Димитриевски од ерата кога настапуваа заедно во Рајо Валјекано сега дрма во Ла Лига како играч на Еспањол. Има серија од пет гола на пет настапи за новиот клуб што го засили во зимскиот преоден рок.
Од стопроцентниот учинок на Раул Де Томас, откако е член на Еспањол веројатно задоволен би бил и легендарниот шпански шпиц Раул Гонзалес.
https://www.youtube.com/watch?v=WcWMbiGIRIQ
И што е уште поинтересно Де Томас постигна гол и на последниот меч во дресот на Бенфика, пред да се пресели во Еспањол, па серијата му е по гол на последните шест настапи.
За Мајорка повторно и денеска не играше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Тој воопшто и не беше во составот на клубот што го претрпе третиот пораз по ред и на 17. место, само едно ниво над зоната за испаѓање од Ла Лига.
Еспањол е 19-ти со ист број на бодови, 18 како и Мајорка.