Лионел Меси дојде само на еден натпревар од остварување на сонот, да го крене пехарот наменет за светскиот шампион, откако во полуфиналето со 3:0 ја совлада Хрватска.
Меси во триумфот учествуваше со гол од пенал во 34-тата минута и со асистенција до Хулијан Алварес во 69-тата минута за третиот гол.
Освен што ја однесе Аргентина во финалето на СП, Лео испиша нова историја во аргентинскиот фудбал.
Имено, тој стана првиот аргентински фудбалер во историјата што постигнал најмалку еден гол во три различни нокаут-фази на Светско првенство.
Овој рекорд добива на тежина ако се знае дека пред Светското првенство во Катар, Меси не постигнал ниту еден гол во нокаут-фазата, односно сите ги дал во групната фаза.
Меси во Катар ѝ даде гол на Австралија за триумф од 2:1 во осминафиналето, ја затресе мрежата и против Холандија во четвртфиналето и вечерва погоди и во полуфиналето.