Нови проблеми за Карло Анчелоти откако синоќа на тренингот на репрезентацијата на Бразил се повреди и Едер Милитао. Тој е осмиот фудбалер на Кралевите кој е повреден во моментов, а втор кој се повредува на собир на репрезентацијата, откако претходно се повреди и Орелијан Чуамени на тренинг на француската репрезентација.
Сега на списокот со повредени освен Милитао и Чуамени, се уште и Белингам, Камавинга, Менди, Себаљос, Алаба и Мартинес.
Најголем проблем за Анчелоти ќе биде средниот ред бидејќи во моментов има само тројца здрави фудбалери, Модриќ, Ѓулер и Валверде.