Нов шок за Анчелоти: Sвездата повторно се повреди, нема да игра против Жирона

Реал Мадрид вечерва го очекува ново тешко гостување, со оглед на тоа дека патува во Каталонија, на дуел против Жирона. Откако загубија од Атлетик Билбао, веќе немаат право на кикс, но пред патот за Каталонија, Карло Анчелоти доби нови лоши вести.

Бразилскиот интернационалец, Родриго, само што се врати од повредата, повторно има проблеми и го очекува нова пауза од неколку седмици, што му создаде дополнителни главоболки на Анчелоти.

Мечот помеѓу Жирона и Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот, а во составот на „кралевите“ сигурно ќе ги нема повредените Алаба, Камавинга, Карвахал, Милитао, Родриго и Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести