Нов шок за Баерн: Фрајбург со гол во финишот ја продлабочи кризата кај „баварците“ (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен доживеаја нов шок, откако не успеаја да го победат Фрајбург на гости, иако беа многу блиску до такво нешто. „Баварците“ одиграа само 2-2, откако најпрво губеа, па направија пресврт, за на крајот да примат погодок во самиот финиш од мечот.

Домашните во водство дојдоа во 12-тата минута преку Гинтер, но Баерн израмни во 35-тата преку Тељ. Во второто полувреме се чинеше дека работите си дојдоа на свое место, кога Мусиала стрелаше за водство на Баерн од 1-2 во 75-тата минута.

Сепак радоста кај фудбалерите и навивачите на Баерн Минхен траеше само десеттина минути, со оглед на тоа дека Холер во 87-мата минута ги постави конечните 2-2, што веројатно најголема радост донесе во Леверкузен, бидејќи „фармацефтите“ сега имаат шанса дополнително да ја зголемат предноста на врвот од Бундес лигата.

- Оглас -

Најнови вести