Нов шок за Баерн: Титулата на пат кон Леверкузен, Тухел за последен пат ги водеше „баварците“? (Видео)

Титулата во Бундес лигата полека но сигурно патува кон Леверкузен, со оглед на тоа дека Баерн Минхен вечерва доживеа нов срам и со пресврт загуби од Бохум со 3-2. Баер Леверкузен сега има предност од осум поени и само чудо може да ги спречи да не дојдат до титулата.

Дуелот со Бохум започна одлично за Баерн Минхен и веќе во 14-тата минута со голот на Мусиала, „баварците“ имаа водство од 0-1.

Шокот за Баерн Минхен следуваше уште во првото полувреме, бидејќи Бохум во 38-мата минута израмни преку Асано, а во 44-тата минута со голот на Шлотербек веќе 2-1 за домашните.

Во 78-мата минута Упамекано доби црвен картон, втор натпревар по ред, откако во вторникот беше исклучен и против Лацио во Лигата на шампионите, и веројатно ќе биде еден од „најзаслужните“ доколку Тухел добие отказ после денешниот дебакл.

Црвениот за Упамекано, значеше и пенал за Бохум, а сигурен реализатор за водство од 3-1 беше Стогер. До крајот на мечот Баерн Минхен успеа само да го намали водството на домашните преку Хари Кејн во 87-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести