Италијанскиот фудбал е нокаутиран откако репрезентацијата на четирикратниот светски првак повторно не обезбеди место на завршницата на Светско првенство. Ова е третпат во низа Италија да не биде дел од завршницата на планетарниот собир, што секако е нешто кое никој не го очекуваше и никој не веруваше дека може да се случи олку долга апстиненција од светската мапа.
И додека во Италија уште се анализира кои се најголемите виновници за елиминацијата на Италија од Босна и Херцеговина и поразот на пенали со 4:1, следува нов шок за Аѕурите. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги повика италијанските власти да ја модернизираат својата фудбалска инфраструктура за да не го изгубат правото да бидат домаќини на Евро 2032.
„Италијанските политичари треба да се запрашаат зошто земјата има една од најлошите фудбалски инфраструктури во Европа. Евро 2032 е планирано и се надевам дека Италија е подготвена, во спротивно нема да се одржи во оваа земја“, изјави Чеферин, цитиран од „Газета дело спорт“.
Италија последен пат беше домаќин на Европското првенство во фудбал во 1980 година, а пред тоа во 1968 година. За ЕП 2032 година, Италија треба да биде домаќин, а коорганизатор ќе биде и Турција, која ќе биде домаќин на натпревари на Европското првенство во 2032 година.

