Клубовите од Саудиска Арабија не престануваат со атакот на фудбалскиот пазар. Еден од клубовите кои најмногу „настрадаа“ е англискиот Ливерпул. Капитенот Џордан Хендерсон, Фабињо и Роберто Фирмино се фудбалерите кои ги прифатија богатите понуди од клубовите во Саудиска Арабија.
Според најновите најави, тимот на Ал-Наср, каде што настапува Кристијано Роналдо е во потрага по квалитетен голман, а прв пик е чуварот на мрежата на Ливерпул, Алисон Бекер.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, неколкупати јавно ги повика ФИФА и УЕФА да најдат начин да се стави крај на „финансиската агресија“ од клубовите во Саудиска Арабија, но не само што нема ништо од тоа, туку Ливерпул е на пат да остане и без својот прв голман.
Алисон дојде во Ливерпул во 2018 година за трансфер вреден 65 милиони евра и досега одигра 232 натпревари. Некговиот активен договор со гигантот од „Енфилд роуд“ е до 30 јуни 2027 година.