Нов шок за ПСЖ, пораз и од Монпелје

ПСЖ претрпе нов пораз во францускиот шампионат, овојпат на гостувањето кај Монпелје со конечни 3-2. Иако ова е трет пораз на „светците“ во последните пет кола од Лига 1, екипата од Париз ја одбрани титулата и официјално е старо-нов шампион на Франција.

Очигледно поразот од Рен во финалето од Купот на Франција уште влијае врз фудбалерите на Томас Тухел, па иако во два наврати имаа резултатска предност против Монпелје, на крајот останаа со празни раце.

Со автоголот на Ојонго во 12-тата минута ПСЖ поведе до 1-0, а потоа Кимпембе им врати на домаќините на ист начин, па Монпелје во 21-та минута дојде до израмнување преку автоголот на Французинот.

Ди Марија беше стрелецот на вториот гол на гостите од Париз, а Делор и Камара во 80-тата, односно 85-тата минута го остварија пресвртот во корист на Монпелје.

Бодовната разлика меѓу ПСЖ и Лил е 12 бода, на четири кола до крајот ПСЖ дефинитивно е шампион на Франција.

https://www.dailymotion.com/video/x7723nv

- Оглас -

Најнови вести