Црвена ѕвезда вечерва го загуби трофејот во АБА-лигата откако доживеа пораз од Партизан во мајсторката со 96-85, но тоа не беше крај на лошите вести за „црвено-белите“ оваа вечер.
Веднаш по натпреварот, медиумите објавија дека двајца кошаркари на Црвена ѕвезда си заминуваат од клубот и во иднина нема да го носат дресот на „црвено-белите“ од Белград.
Аргентинецот Лука Видоса следната сезона ќе настапува за грчкиот Панатинаикос, со кого веќе потпишал двегодишен договот. Си оди и репрезентативецот на Србија, Филип Петрушев, кој својата кариера ќе ја продолжи во НБА лигата, во екипата на Филаделфија.