Нов шок за Жолтата подморница, примија гол во 96. минута и пак прокоцкаа победа

Вилјареал доживеа нов шок и прокоцка победа против Севилја со гол во финишот на мечот од 35. коло во Ла Лига.

Драмата на „Керамика“ кулминираше со погодокот на Рафа Мир за Севилја во 96 минута, со кој гостите израмнија на 1:1 и се спасија од пораз

Џовани Ло Селсо го постигна единствениот гол за Вилјареал во 86. минута, што се покажа како недоволно за победа на Жолтата подморница.

Ова беше прв меч за Вилјареал по шокантниот пресврт и пораз од Ливерпул во реванш полуфиналето во Лигата на шампионите, кога водеа со 2:0 по еден час игра и потоа загубија со 2:3 и испаднаа.

Вилјареал остана на седмото место на табелата со 53 бода и има три бода помалку од Реал Сосиедад, кој е шестти на табелата, место што последно води во Европа Лигата.

Севилја речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите, бидејќи има 7 бода повеќе од градскиот ривал Бетис, единствен кој може да ги загрози на три кола до крајот на првенството.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести