Нов шут-аут на Димитриевски, Потер си замина и ја снема магијата на Брајтон (Видео)

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски повторно не прими гол во силната шпанска Ла Лига, вечерва во ремито без погодоци во мадридското дерби со Хетафе.

Димитриевски брани одлично во континуитет за Рајо Валјекано во една од најквалитетните лиги на светот, а вечерва имаше шанса и да се радува на победа, но Оскар Трехо промаши пенал за домаќините во 53. минута.

Рајо има 11 бода по ремито вечерва и е на десеттото место по 9 кола, а Хетафе е за четири позиции полош со 8 бода.

Во Англија исто така вечерва од 21 часот се играше премиерен меч од колото, кај Англичаните 11-то, а Брентфорд го победи Брајтон со 2:0 на домашен терен.

Иван Тони беше стрелец на двата гола, а првиот во 27. минута беше велемајсторски, со удар со петица.

Тони погоди и од пенал во 64. минута и сега е втор стрелец со Хари Кејн во Премиер лигата со по 8 гола, само зад Халанд кој има 15.

Брајтон игра се полошо, откако клубот го напушти тренерот Греам Потер и има низа од три меча без триумф во Премиер лигата со Италијанецот Роберто Де Зерби.

Де Зерби го наследи Потер по неговото заминување во Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести