Нов скандал кога игра Фенербахче (Видео)

Фенербахче вчера победи против Адана Демирспор со 4:2 во меч од турското првенство, а по завршување на средбата, имаше и „трето полувреме“.

На паркингот пред стадионот, еден навивач на Фенербахче вербално го нападна претседателот на гостинскиот тим, Метин Коркмаз, кој не остана имун на провокацијата.

Коркмаз реши физички да се пресмета со навивачот, по што следуваше хаос. Среќа, кратко траеше физичката пресметка затоа што реагираа останатите присутни, а потоа полицијата го отстрани навивачот кој го предизвика инцидентот.

За Фенербахче ова е втор инцидент за помалку од 20-тина дена. Минатиот месец овој клуб беше дел од хаосот кој се случи на теренот на Трабзон, кога домашни навивачи втрчаа на теренот со цел да се пресметаат со фудбалерите на Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести