Нов скандал: Меси го исмеваше Мбапе дека личи на „Нинџа-желка“ (Видео)

Аргентинците бурно ја слават својата трета светска титула во фудбал, 36-годишното чекање заврши, а најголема пречка на патот до славата им беше Килијан Мбапе, па некои го навредуваат и се исмеваат со Французинот кој даде три гола во спектакуларното финале.

За Мбапе велат дека личи на цртаните ликови нинџа желки.

Но, Мбапе веројатно не очекуваше дека и неговиот тимски колега Лионел Меси ќе се смее на негова сметка. А, токму тоа се случи кога на Меси му беше фрлена играчка со ликот на Нинџа-желка. Меси ја сфати финтата и слатко се изнасмеа.

Освен тоа, голманот Емилијано Мартинес носеше кукла бебе, на чие лице залепи слика од Мбапе, а Меси не реагираше.

Еве како изгледаше „Нинџа-желка моментот“ на Меси:

https://twitter.com/i/status/1605215716222853122

- Оглас -

Најнови вести