Нов скандал на Олимписките игри: Австралиски олимпиец уапсен додека купувал кокаин

Австралискиот олимпиец Том Крејг (28) е уапсен во Париз додека купувал кокаин и се наоѓа во притвор.

Крејг, кој ја претставува својата репрезентација во хокеј на трева, синоќа околу полноќ бил уапсен на улиците на Париз, а според „Франс Инфо“, полицијата го затекнала како од дилер купува грам кокаин.

Полицијата ги лишила од слобода и дилерот и Крејг, и сега е во тек истрага која ја води одделот за наркотици на париската полиција.

„Можеме да потврдиме дека член на хокеарскиот тим е во притвор откако беше уапсен во Париз. Засега немаме информации за подигнато обвинение“, соопштија од Олимпискиот комитет на Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести