Нов скандал во Баерн Минхен, овој пат љубовен (Фото)

Лукас Ернандес, францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, е во центарот на вниманието на германските таблоиди откако неговата сопруга Амелија де ла Оса Љоренте го остави преку социјалните мрежи, но и го подари на неговата љубовница.

Амелија на социјалната мрежа „Инстаграм“ го напиша следново:

„Можеш да престанеш да играш на две страни Лукас. Кристина Бучино, ти го подарувам. Само немој да заборавиш дека имаш две деца кои воопшто не доаѓаш да ги видиш.“

Бракот помеѓу Лукас и Амелија го следеа скандали, неколку разводи но и физички пресметки кои завршуваа на суд, а и двајцата сопружници беа осудени на доброволна општокорисна работа.

Новата девојка на Лукас Ернандес е инфлуенсерката Кристина Бучино, која на социјалните мрежи има над три милиони следачи. Бучино и во минатото беше дел од скандали и поврзувана со фудбалерите Кристијано Роналдо и Александар Коларов, потоа Мото ГП возачот Андреа Јаноне, но и актерот Колин Фарел.

https://www.instagram.com/p/CqVbDLlN_JP/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести