Дефанзивецот на Нотингам форест, Хари Тофоло, е обвинет за прекршување на правилата на Англиската фудбалска федерација (ФА) кои се однесуваат за обложување.
Тофоло го прекршил правилото Е1(б), поточно во периодот од 22 јануари 2014 година до 18 март 2017 година, дури 375 пати се обложил на фудбалски натпревари, објави ФА.
— FA Spokesperson (@FAspokesperson) July 12, 2023
Тофоло во Нотингам пристигна минатото лето од нисколигашот Хадерсфилд и настапи на 19 натпревари, а оретходно има играно за Норвич, Ротерам, Петерборо и Скантроп.
Дефанзивецот на Нотингам е втор фудбалер од Премиер лигата кој во изминатите неколку месеци е обвинет дека се обложувал на натпревари од англиските лиги. Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони заработи осуммесечна суспензија и парична казна од 50.000 фунти бидејќи се обложил дури 232 пати на натпребвари од англиските лиги.