Нов скандал во Премиер лигата, велеше дека е најдобар и беше желба на великаните, а сега ќе мора во притвор (ВИДЕО)

Фудбалерот на Брајтон, Ивес Бисума, вчеравечер беше приведен во притвор откако се обидел сексуално да злостави студентка која се наоѓала во дискотеката.

Тој видно под дејство на алкохол, заедно со своите пријатели биле приведени од полицијата, а се очекува да добие и санкција од клубот, како и од дисциплинската комисија на Премиер лигата.

Само пред неколку недели, тој даде изјава во која велеше дека е најдобар играч во светот, а летово имаше и понуди од Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер сити.

Но, до таков трансфер не дојде бидејќи Брајтон бараше 50 милиони евра за да се ослободи од неговите услуги.

 

- Оглас -

Најнови вести