Нов скандал ја тресе фудбалска Турција, а во главна улога е добро познат лик. На дуелот помеѓу Кајсериспор и Коњаспор главен судија беше Халил Умут Мелер, кој кон крајот на минатата година беше нокаутиран од страна на претседателот на Анкарагучу.
Мелер овојпат му додели црвен картон на еден од домашните фудбалери поради удирање на противнички фудбалер во пределот на стомакот без топка. Судијата се одлучи да даде црвен картон откако гледаше ВАР и се чини дека сосема беше во право.
halil umut meler yine yapti yapacağını. Son hafta Galatasaray ile oynayacak olan Konyaspor'un rakibi çok kolay bir şekilde kırmızı yedi ve Kayserispor'un başkanı sahaya girdi.. sanırım o yumruğu hak etmişti.
pic.twitter.com/aoDYqpLFXC— Kadıoğlu (@kadimfenerli) May 18, 2024
Сепак, така не мислеше претседателот на Кајсериспор кој се симна на теренот и тргна кон судијата, но за разликата од минатата година, овојпат Халил Мелер мина без ќотек, бидејќи Али Џамли беше спречен да дојде до него.
Kayserispor başkanı Ali Çamlı nın sahaya girdiği anlar.
Kayserispor – Konyaspor pic.twitter.com/JKHR4IKTpL
— Sky Sports (@SkySportsFB) May 18, 2024