22.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Нов „случај Фиго“: човек кој 10 години беше во Барса, прејде во Реал Мадрид!

Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид има нов физиотерапевт, тоа е Давид Урбано, а веста немаше да биде толку интересна ако тој човек до минатата сезона не работеше како физиотерапевт во ривалот Барселона.

Трансферите на играчи, тренери или членови на тренерскиот штаб помеѓу Барселона и Мадрид, или обратно, се невообичаени. Затоа е впечатливо што еден од најпрестижните физиотерапевти во шпанската кошарка кариерата ја продолжи кај вечниот ривал на Барса во која работеше дури 10 години.

Урбано почна во Гранада, од 2012 до 2015 година беше во Басконија, а потоа замина во Барса каде остана до летово. Минатата сезона Каталонците имаа големи проблеми со повредите и клубот ја загуби довербата во Урбано и решија да ја прекинат соработката.    

Главната причина зошто Урбано направи „предавство“ е Серџо Скариоло кј летово се врати на клупата на Кралскиот клуб. Италијанецот како селектор на Шпанија, го ангажираше Урбано во стручниот штаб уште на ЕП во 2011 година, и соработуваа до 2022.

Плус му беше што има многу добар однос со двајца од неговите нови „шефови“ во мадридскиот клуб, Серхио „Чачо“ Родригез и Фелипе Рејес. Истотака, зелено светло за ангажирање на Урбано дал и шефот на медицинскиот тим на Реал Мадрид, Фелипе Сегура, кој го познава Урбано уште додека работеше во Гранада. 

- Оглас -

Најнови вести