Нов спектакл, овој пат во Лигата на Европа – Барселона налета на Роналдо и Манчестер јунајтед

Дербито во плејофојот во нокаут-фазата во Лигата на Европа ќе биде подеднакво спектакуларно како и тие во Лигата на шампионите. Во ждрепката беа само екипите кои испаднаа од групната фаза во Лигата на шампионите и второпласираните во Лигата на Европа.

Ждрепката сакаше Барселона, која испадна од ЛШ, да игра против најтешкиот можен ривал, Манчестер јунајтед.

Ова воедно ќе претставува враќање на Кристијано Роналдо на „Камп ноу“ бидејќи девет години го носеше дресот на Реал Мадрид.

Италијанскиот гигант Јувентус за противник го доби францускиот Нант, а најтрофејниот тим во ова натпреварување, Севилја, ќе против ПСВ. Екипата на Рома ја очекува двомеч со Салцбург.

Првите натпревари од плејофот се закажани за 16 февруари 2023 година, а реваншите ќе се играат седум дена подоцна.

Двојки за плејоф:
Барселона – Манчестер јунајтед
Јувентус – Нант
Спортинг – Митјиланд
Шахтар – Рен
Ајакс – Унион Берлин
Баер Леверкузен – Монако
Севилја – ПСВ
Салцбург – Рома

 

- Оглас -

Најнови вести