Нов спортски брак – НБА кошаркар и тениска ѕвезда

Тенисерката Каролина Возњацки се омажи со поранешниот кошаркар Дејвид Ли, а свадбената церемонија се одржала во Италија, на истото место во Тосканија, каде што се имаат венчано фотомоделот Кејт Аптон и Џастин Верландер. Според информациите, имало 120 гости.

На свадбата присуствувала и Серена Вилијамс како една од девериците (Серена во април беше и на девојачката забава на Бахамите) на Данката, која своевремено 71 недела беше прва на ВТА-листата, и Анџелик Кербер, а од страната на Ли, кој беше двократен олстар и 12 сезони настапуваше во НБА, гости биле Пау Гасол и Харисон Барнс.

Возњацки, која има 28 години, и 36-годишниот Ли се запознале преку заеднички пријател, во врска беа три и пол години, а од ноември 2017 година беа верени. Возњацки во моментов е на 14-тото место на светската ранг-листа и на неодамнешниот Ролан Гарос неочекувано беше елиминирана уште во првото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести